Organizacija (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 19 | Nivo: Ekonomski fakultet – Skopje
Вовед
Во последнава деценија постојано се сретнуваме
со информации за изменетата економска, политичка и културна слика на светот,
како и за се поголемата поврзаност и меѓузависност на економиите и луѓето на
целата Земјина Топка.
Многу често се поставува прашањето дали светот
во минатото бил помалку поврзан отколку што е денес и што е тоа што денес толку
го измени начинот на живеењето на луѓето, на што можеме да одговориме дека
меѓузависноста на економиите и на луѓето во светот постоела отсекогаш, уште во
далечното античко време, но сепак таа била изразена на многу поинаков начин.
Древните цивилизации функционирале и се развивале во свет кој бил високоповрзан
и меѓузависен. Но, главниот начин на поврзување во овој период биле самите
војни и трговијата.
Со војните се настојувало да се освојат
територии кои, на пример, располагале со плодна почва, извори на вода за пиење
и пасишта, а покорените народи станувале еден од најважните ресурси од кои
зависела состојбата на земјата – завојувач. Покорените народи станувале робови,
со што земјата – завојувач ја добивала неопходната работна сила, што и
овозможувало да обезбеди зголемување на обемот на сопственото производство и
повисок животен стандард за сопствениот народ. Уште во ова време постоеле
империи што покривале огромни географски пространства, дури и за современите
сфаќања. Тоа докажува дека овие цивилизации поседувале средства и методи за
брзо поврзување и за навремено поврзување на информациите од едниот до другиот
крај на завладеаните простори. Дека е сето тоа вистина потврдува фактот што
овие огромни економски и политички системи опстојувале со векови.
Вториот начин на поврзување на светот во ова
време, покрај освојувачките војни, била трговијата. Трговијата била
исклучително важна дејност во античкиот период и таа го помагала поврзувањето
на она што тогаш го претставувало светот. Таа ги поврзувала народите и уште во
тоа време создавала одредена меѓузависност на економиите што вршеле размена на
различни употребни вредности. Сепак, народите во древниот свет забележително се
разликувале едни од други. Денес сеуште постојат големи разлики меѓу одделни
народи во светот, но изгледа дека разликите во секојдневниот начин на
живеењето, а најмногу на работењето се повеќе бледеат и постепено исчезнуваат.
Намалувањето на културните разлики, стекнувањето
на исти навики и обичаи кај различните народи е резултат на се поголемото
комуникациско и транспортно поврзување на светот. Развојот на транспортот,
транспортните средства и транспортната инфраструктура значително го олесни
патувањето во најоддлалечените делови на светот и го скрати неговото
времетраење. Денес не претставува никаков проблем да ги преминете огромните
водни површини што ги делат континентите и со свои очи да видите како живеат и
работат во далечните земји.
Но, сепак вистински “ бум ” во поврзувањето на
светот направи развојот на компјутерските техники и телекомуникациите. Така,
сега воопшто не е проблем да контактирате во секое време со луѓе кои живеат
илјадници километри далеку од вас и во истиот момент да дознаете важни
информации за се што се случува во нивните земји. Ова особено помага во
водењето на бизнисот на меѓународната економија, и значително го олеснува
водењето и работењето на организацијата, затоа што сега деловните луѓе, наместо
да губат време патувајќи од една во друга земја за да се состануваат, да
преговараат и да се договараат со своите деловни партнери, тие со нив може да
бидат во постојан контакт преку интернет.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!